Проект во висина 50 милиони евра од Европската инвестициона банка (ЕИБ) за подобрување за водоснабдување и изведување на отпадни води во руралните подрачја, договорот го потпиша министерот за финансии Зоран Ставрески и Петер Зајц претставник од ЕИБ. Владата обезбеди вкупната вредност на проект од 100 милиони евра, 50 милиони од ЕИБ и дополнителни средства од Светска Банка, ИПА и буџетски средства, за подршка на општините за решавање на комуналните прашања и подобрување на општинските услови. Рок на отплата на средствата е 25 години со греј период од пет години и каматна стапка од 1,3 проценти. Проектот не е само важен за економијата на земјата туку ги подобрува животните стандарди во земјата, особено во руралните средини, финансирање во водоснабдувањето е клучен елемент за земјата. Проектот ќе биде имплементиран од министерството за транспорт и врски, а заемот во вид на грантови ќе може да го користат сите општини по одредени критериуми како бројот на население, површина на општината и бројот на населени места.
Проект во висина 50 милиони евра од Европската инвестициона банка (ЕИБ) за подобрување за водоснабдување и изведување на отпадни води во руралните подрачја , договорот го потпиша министерот за финансии Зоран Ставрески и Петер Зајц претставник од ЕИБ.
“Владата обезбеди вкупната вредност на проект од 100 милиони евра, 50 милиони од ЕИБ и дополнителни средства од Светска Банка, ИПА и буџетски средства, за подршка на општините за решавање на комуналните прашања и подобрување на општинските услови“, изјави Ставрески.
Рок на отплата на средствата е 25 години со греј период од пет години и каматна стапка од 1,3 проценти.
„Проектот не е само важен за економијата на земјата туку ги подобрува животните стандарди во земјата, особено во руралните средини, финансирање во водоснабдувањето е клучен елемент за земјата“, рече претставникот на ЕИБ.
Проектот ќе биде имплементиран од министерството за транспорт и врски, а заемот во вид на грантови ќе може да го користат сите општини по одредени критериуми како бројот на население, површина на општината и бројот на населени места.
Средствата рамномерно ќе бидат поделени на општините на пример Валандово ќе добие 590 илјади евра, Виница 605 илјади, Вранешница 225 илјади евра, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
„Очекувам некаде на крајот од оваа година да започне физичка реализација на овој проект бидејќи општините се информирани, нашата цел е да се намали бројот на општини кои имаат проблем со водоснабдувањето“, изјави Јанакиевски.
Проектот е дел од политиката на Владата за рамномерен регионален развој, целта е со инвестиции во комуналната инфраструктура да се стимулира развојот на општините.
На новинарско прашање за искористеност на средствата, кои минатата година беа одобрени во форма на кредит од 100 милиони евра за мали и средни претпријатија, министерот за финансии изјави дека досега се одбрани околу 35 отсто од средствата.
„Со фиксирање на каматната стапка во тек на целиот период сакаме да го зголемиме процентот на искористени средства и дека на овој начин се дополнува вкупниот кредитен потенцијал во земјата, освен кредитите кои ги даваат банките за мали и средни претпријатија“, изјави министерот за финансии.